fbpx

Митрески: Нашиот план е до 2024 година да отвориме околу 80% од поглавјата со ЕУ, очекуваме поддршка од 2,5 милијарди евра од европските фондови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Ние водиме кампања во согласност со препораките на комисијата за заразни болести, на здравствените власти, бидејќи најважно е здравјето на граѓаните, исто така водиме кампања со која што сакаме да им кажеме на граѓаните што направивме во претходниот период и кои се плановите во иднина без разлика од спротивната страна каква кампања се води, истакна носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, Јован Митревски во интервју за македонската радио телевизија.

Го затворивме прашањето со членството во НАТО, опозицијата повеќе и не го споменува, бидејќи е завршена работа, не правиме разговори со граѓаните дали нашата држава е безбедна дали постои опасност од конфликти, бидејќи тоа е затворено прашање, истакна Митрески, додавајќи дека сега зборуваме од економски аспекти, затоа што сите инвеститори кои што доаѓале во минатото и сите инвеститори кои треба да доаѓаат во иднина првото прашање што си го поставуваат е дали нивниот вложен капитал во нашата државата ќе биде сигурен.

Со затворањето на прашањето на членството во НАТО даваме уште еден плус кај инвеститорите за да ги вложуваат своите средства во нашата држава, да отвораат нови работни места, подобро платени работни места, истакна Митрески, додавајќи дека покрај НАТО го решивме и прашањето за почеток на преговори за членство во Европската унија.

И канцеларката Меркел вчера кажа дека се отвораат преговорите и сега веќе од овој момент ние во нашата држава треба да зборуваме само за економија, само за инвестиции, за решавање на инфраструктурни проблеми затоа што со отворањето на поглавјата ние, животот овде во нашата држава треба да го доближиме за граѓаните, како што им доликува, до она што значи живот во сите развиени држави, порача Митрески.

Со затворањето на овие прашања се отфрлаат шпекулациите кои опозицијата сакаше да ги наметне, рече Митрески, додавајќи дека македонскиот јазик е официјален и на ЕУ, а ние сме Македонци кои зборуваме македонски јазик.

Државата е подготвена да ги отвора поглавјата со ЕУ, тие се битни за државата, за напредокот на државата. Битни се за секојдневниот живот на граѓаните.“

Нашиот план е да до 2024 година отвориме околу 80% од поглавјата и да граѓаните почувствуваат напредок во тие поглавја што ќе ги отвориме затоа што тоа се периодите, тоа е времето кога се отвораат и европските фондови, очекуваме поддршка од 2,5 милијарди евра за институциите, поддршка за враќање на правната држава, за реформи во правосудството, истакна носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, Јован Митревски.

Последни вести