fbpx

Граѓаните видоа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемата опасност за нивното здравје и затоа ги казнија, не дозволија тие да продолжат да го уништуваат здравствениот систем

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните знаат дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема опасност за нивното здравје и затоа ги казнија на избори.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со нивното опасно однесување во изборниот период, но и во текот на целата здравствена криза постојано го загрозуваа здравјето на сите, не почитуваа никакви мерки за заштита, ги кршea сите протоколи, се обидуваа да го поткопаат здравствениот систем со манипулации и лажни вести.

На Мицкоски поважно му беше да оди по теретани и кафеани кога тоа беше забрането и да води здравствено небезбедна кампања, отколку да даде каков било придонес во спречување на ширењето на коронавирусот.

Наместо да им даде поддршка на здравствените работници, тој ги етикетираше, го потценуваше нивниот труд и напор сите овие изминати месеци и ги омаловажуваше.

Нивниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев намерно не ги спроведуваше мерките на Владата, не казнуваше и придонесе за ширење на коронавирусот, а и тој седеше по кафеани без никаква заштита и дистанца.

Граѓаните тоа го видоа и затоа ги казнија на последните избори.

СДСМ продолжува да вложува во здравството, создава ефикасен систем и ефикасна здравствена заштита, заедно со граѓаните ќе ги победиме и коронавирусот и сите опструкции.

Последни вести