Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски треба да собере храброст и конечно да го признае третиот изборен пораз што ВМРО-ДПМНЕ последователно го доживува од граѓаните и од СДСМ.
Залудно Мицкоски се обидува со лажни тврдења да бара алиби, со единствена цел, да го оправда сопствениот континуиран политички неуспех и изборен дебакл што го доживеа.
Македонските граѓани на фер и демократски избори одлучија земјата да продолжи напред, по патот што го трасираше Владата предводена од СДСМ.
Станавме членка на НАТО, граѓаните одбраа да станеме членка и на ЕУ, граѓаните одбраа да продолжи растот на платите, да има економска стабилност и развој, да има правда и одговорност за сите подеднакво.
Граѓаните одлучно се спротивставија на политиките на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, кои значат враќање назад кон мрачното минато, кон заробената режимска држава, кон заканите, уцените, заплашувањата.
СДСМ ќе ја формира и идната Влада и со визијата, стратегијата и планот што го има ќе обезбеди уште поголем прогрес и напредок и уште повеќе и уште подобри резултати.