fbpx

Заев: Стабилна влада со четиригодишен мандат ќе донесе стабилност и предвидливост во економијата и во процесот на преговори со ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Согласно Уставот, во следните 20 дена, а лично верувам и порано ќе успееме да формираме Влада и стабилно парламентарно мнозинство кое ќе биде гаранција за стабилна Влада, рече денеска претседателот Зоран Заев во одговор на новинарски прашања.

Претседателот Заев посочи дека продолжува процесот на сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство кое треба да осигура нова Влада со полн четири годишен мандат.

„Нашата амбиција е влада со мандат од 4 години, затоа што по членството во НАТО и по почетокот на преговорите со ЕУ, важно е и за процесот на преговори да имаме предвидливост во преговорите и Влада со полн мандат. Но пред се, таквата стабилност е важна и за домашната економија, за граѓаните, за приватниот сектор. Тоа ќе не стави во состојба, како држава да имаме само едни избори, локалните во 2021 година, во следните две, 2022 и 2023 немаме избори што е одличен мегдан за работа и во 2024 година да имаме парламентарни и претседателски избори“ порача Заев.

Претседателот Заев посочи дека новата Влада ќе биде посветена исклучиво на интересите на граѓаните и иднината на државата.

„Во изминатиот период успеавме да донесеме големи одлуки, да ги решиме отворените прашања. Следува период кога ќе се посветиме на работа дома. Затоа е потребна стабилност и предвидливост, предвидливост за секое домаќинство, на секоја фирма, на секој граѓанин. Овој четиригодишен период пред кој се наоѓаме е неповторлив за нашата држава. Никогаш досега не сме биле ниту ќе бидеме нова членка на НАТО со толку пријатели, со почеток на преговори со ЕУ, кој за сите земји бил „меден месец“ затоа што на располагање ги имаме сите ресурси, сиот фокус на ЕУ кон нас, се отвораат европските фондови, се подига економски стандардот на граѓаните, период во кој државата се европеизира и се трансформира на подобро. Треба да сме неодговорни за тоа да не го искористиме.

Последни вести