Соопштение за јавност – одговори на новинарски прашања
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во одговори на новинарски прашања денеска порача во следниот период први приоритети на новата Влада ќе бидат реализацијата на четвртиот пакет антикризни мерки за помош на граѓаните и економијата, справувањето со коронавирусот, обезбедување правда, како и носење на закони кои останаа заглавени со распуштањето на претходниот парламентарен состав.
– Прво треба да се зафатиме со новите чекори врзани со ковид кризата, тоа значи прво образованието и детските градинки, многу е важно. Развојот на четвртиот пакет на мерки којшто верувам со новиот министер за финансии и другите економски ресори внимателно ќе ги развиеме со синдикатите, работниците, работодавачите, коморите итн. Една од првите работи е да падне објектот пред Мавровка заради тоа што е дивоградба и ќе направиме се како Влада, разработивме идеи верувам дека ќе ги утврдиме заедно со правните прописи во државата, законите кои што не поминаа во Собранието заради распуштање на Собранието ќе ги обновиме ќе ги вратиме назад, тука се работи за многу квалитетни закони, во тие закони е размислувањето за пензионирање порано на нашите граѓани. Ова го имаме заради тоа што приходите во Фондот за пензиско растат дури и во време на корона криза 7 до 8% растат, пред кризата растеа до 12, 13% Фондот како што знаете е стабилизиран има таква можност заради тоа што ако примите нова количина на граѓани пензионери ќе има нови издатоци во самиот Фонд за пензиско осигурување. Точно е дека ќе бидеме Влада посветена дома затоа што дефинитивно во првиот период најголем дел од времето помина на меѓународните прашања, ама успеавме. Денеска сме членка на НАТО добивме одлука за почеток на преговорите, го решивме проблемот со Бугарија, го решивме проблемот со Грција. Денеска сме пријатели со сите соседи, сме интегрирана земја и верувам дека сето тоа ќе има економски пред се придобивки за граѓаните но и придобивки за севкупен квалитет на живот. Посветеноста дома значи економија доминантно, значи владеење на правото. Правда еднаква за сите и буквално зголеување на ефикасноста на самиот правосуден систем но и правичноста во државата, посветеност на екологијата, посветеност на образованието и здравството како важни сегменти, рече Заев.
Во однос на бројот на потпретседатели на Собранието, претседателот Заев го повтори ставот дека ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од свој кандидат за потпретседател, тоа ќе го стори и СДСМ и дека Собранието ќе има тројца потпретседатели.
– Ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече од кандидат за потпретседател, тогаш и СДСМ ќе се повлече и ќе оставиме простор на помалите, за и бројката на потпретседатели да биде помала. Јас ја следев нивната изјава, тие рекоа не го прифаќаме предлогот на Заев, ама може ќе се повлечеме, ќе видиме, како ќе постапат, така ќе се однесуваме затоа што на крајот тука е и одговорноста, одговори Заев, додавајќи дека токму СДСМ се заложи пред граѓаните за рационализација на јавната администрација и институциите, а тоа го покажа уште на самиот почеток преку намалување на министерските позиции на 19 од 26 министри колку што беа претходно.