fbpx

Губитникот Мицкоски се лаже ако мисли дека со протести ќе го загрози преговарачкиот процес со ЕУ, граѓаните нема да му дозволат да ја закочи татковината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Очајот и фрустрациите по поразот на изборите кај Христијан Мицкоски од ден на ден се зголемуваат, а последен доказ за тоа се неговите најави за наводни протести наесен иако државата доби нова европска Влада пред само неколку денови.

Најавите за некакви протести наесен, колку и да се нереални, коинцидираат со времето кога очекуваме почеток на преговорите со ЕУ.

Ако Мицкоски мисли дека може да го загрози преговарачкиот процес, се излажал, ќе му пропадне и овој обид да ја закочи земјата.

Граѓаните го кажаа своето, Мицкоски е поразен, неговите деструктивни политики се поразени, татковината продолжува напред кон ЕУ, со Зоран Заев на чело на Владата којашто ја предводи.

Последни вести