fbpx

Заев: Изборите се решение, а не проблем!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

 

 

 

Заев: Изборите се решение, а не проблем!
 
Денеска заедно со кандидатите за пратеници од мојата изборна единица, 4, тука во Струмица, имавме состанок со Регионалниот изборен штаб.  Состанокот се организираше според сите протоколи за зашита од Ковид кои ги имаат усвоено здравствените власти.

Зборувавме за актуелната состојба со коронавирусот во државата, за мерките за заштита на граѓаните и потребата од реализација на изборите во првиот можен момент.

Државата ни се наоѓа во крајно комплицирана состојба, пред новиот бран на епидемијата наесен, заедно со сезонскиот грип, за што предупреди и Светската здравствена организација. Со распуштено Собрание, со техничка Влада која имаше мандат за организирање на предвремените избори на 12 април.

Со останатите кандидати за пратеници потврдивме дека крајно потребно и одговорно е да се најде решение за изборите да се одржат пред почеток на летото, најмногу заради здравјето на луѓето.

Затоа нашата, мојата порака денеска е: Изборите се решение, а не проблем!

Спроведувањето на изборите бара внимателност и одговорност од секој од нас, при што јасно е дека изборите се единствениот демократски механизам за граѓаните да го вратат легитимитетот на законодавната и извршната власт.

Граѓаните да одлучуваат е врвна демократска придобивка.

Изборите се потребни за да обезбедиме целосно функционални институции кои ќе го штитат здравјето на граѓаните и кои ќе обезбедат целосен рестарт на македонската економија.

Избори треба да се одржат во првиот можен термин, согласно законските можности и согласно состојбата со епидемијата.

Денес уште еднаш порачуваме дека сите имаме и обврска и одговорност да водиме прилагодени, контролирани, нов тип на кампањи, со сите мерки на заштита и се разбира, без масовни настани.

Исто така, уверени сме дека институциите ќе ги обезбедат сите превентивни мерки за 100% заштита на граѓаните на денот на гласањето. Набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР ќе биде гаранција дека слободно изразената волја на граѓаните ќе биде легитимна.

На граѓаните им се неопходни законодавна и извршна власт со полн капацитет, пренесен суверенитет и доделена одговорност за управување со земјата.

Северна Македонија мора подготвено и со 100% капацитет на институциите да го дочека септември.

Да бидеме целосно спремни за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и за очекуваниот нов бран на вирусот.

Функционалните институции се неопходни и за рестарт на економијата.

Здравјето и живеачката на луѓето се најважни, а затоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем и целосни економски механизми за зголемување на потрошувачката на граѓаните и за развој на македонското стопанство.

Ние сакаме избори на кои ќе учествува опозицијата. Ние имаме силен демократски капацитет, и како и до сега, ќе направиме се опозицијата да си ја преземе својата одговорност. Заврши времето кога опозицијата, во тоа време СДСМ, дознаваше од телевизија кога ќе се одржат изборите. Се разбира, доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес, ние нема да имаме избор освен да ги почитуваме законските рокови на изборниот процес.

Почитувани, оддаваме јавно признание на мнозинството граѓани за почитувањето на мерките за превенција и заштита од вирусот. Свесни сме, ова е тежок период во кој сите заедно се откажуваме од претходните секојдневни навики, изложени на стрес и неизвесност.

Истовремено, изразуваме огромна благодарност до лекарите, здравствените работници, полицајците и сите оние кои деноноќно се борат за нашето здравје.

Борбата со вирусот продолжува. Вирусот е присутен и нема скоро да си замине.

Но, тоа е „новата нормалност“. Секојдневно новата нормалност ни кажува дека, додека не се пронајде вакцина, ќе мора да научиме да живееме и да се справуваме со овој невидлив и опасен непријател.

Затоа, уште еднаш апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречат пикови на заразата. 

Последни вести