Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Дамјан Манчевски во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на Телма Телевизија порача дека правото на протест е легитимно за секој граѓанин, за секоја опозиција, но протестите што периодов ги прави ВМРО-ДПМНЕ се само за вантрешна употреба на раководствот на партијата.
– Ние само што имавме избори пред два месеци и само што го конституиравме новиот собраниски состав. Мислам дека овие протести се само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ. Раководството на партијата е јавно изложено со барања за промени и конгрес и нормално е тоа, по секои избори особено по изборен пораз да барате доверба од членството. Последниот протест им беше најавен како борба против сиромаштија, а протестира со скапи со луксузни автомобили. Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие, масовното богатење на нивни партиски фукционери.Таквиот протест беше ексклузивен партиски настан на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Потпретседателот Манчевски посочи дека деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и во Собранието.
– ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието сакаше да го блокира изборот на работните тела на Собранието заради барање за Одлука за формирање на комисиите иако претходно на координација сте се согласиле со истата одлука и при тоа што е најинтересно, немавме никаков алтернативен предлог, тоа беше само обид за блокада на Собранието, заклучи Манчевски.