Почитувани граѓани, почитувани кривопаланчани!
И покрај пандемијата со коронавирусот, локалната власт предводена од СДСМ континуирано работи на реализација на бројни проекти од инфраструктурата, изградба и реконструкција на улици во градот и селата со што обезбедуваме посигурен и побезбеден сообраќај.
Преку Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура во изминатите месеци реализирани се два значајни инфраструктурни проекти.
–Изградба на локален пат с. Голема Црцорија-делница од асфалт маала Рупје до маала Баратлици и крак до училиштето (околу 3 км) и
-Изградба на дел од локален пат во с. Трново (околу 0,5 км)
Средствата за реализација на проектите од над 20.000.000 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој, како и од Буџетот на Општина Крива Паланка.
Иако рокот за изградба според договорите беше една година, истите успеавме да ги завршиме предвреме.
Почитувани,
Во периодот што следи, водени од интересот на граѓаните со уште поголема посветеност продолжуваме со нови проекти во инфраструктурата.