fbpx

Со четвртиот пакет мерки, Владата предводена од СДСМ му помага на туристичкиот сектор, спасуваме работни места и им помагаме на компаниите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Четвртиот пакет мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството од глобалната здравствена и економска криза, изготвен од Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, со вкупна вредност од 470 милиони ерва, предвидува конкретна и таргетирана поддршка за поединците и компаниите на кои им е најпотребна.

Директна помош, поддршка и намалување на давачките се предвидува во низа мерки посветени на туристичките и угостителските дејности, кои се меѓу најпогодените со кризата, предвизикана од пандемијата со коронавирусот.

Сите компании од овие сектори имаат право на помош за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 до 21.776 денари, во зависност од стапката на намалување на нивните приходи.

Покрај тоа, на 150 регистрирани туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари.

За компаниите од туристичкиот сектор, определена е и мерка – Поврат на туристичката такса за 2019 година. Тоа значи дека 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.

За 500 туристички агенции се обезбедени грантови во вкупна вредност од 1,9 милиони евра, кои ќе бидат во висина од 3.000 до 7.000 во зависност од бројот на вработени и од вкупниот промет во 2019 година.

Оваа мерка за којашто се потребни законски измени ќе започне од 1 јануари 2021 година, а нејзината цел е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, но и поголема ликвидност на услужниот сектор.

СДСМ како одговорна партија, покажува вистинска грижа за секој поединец, за секоја компанија погодена од кризата.

Последни вести