fbpx

Владата предводена од СДСМ посветено работи на енергетско поврзување на државата, следуваат важни проекти за зголемена енергетска ефикасност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Регионалната соработка во енергетиката е дел од приоритетите на работата на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Во таа насока, започнати се процеси за поврзување на енергетските коридори преку Бугарија и Грција што се од суштински и долгорочен интерес за државата, стопанството и граѓаните.

Конзорциумот „Гастрејд“, изрази подготвеност и поддршка за вклучување на Северна Македонија во изградбата на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција. Со овој проект се отвора можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за Северна Македонија, која, истовремено, ќе стане точка од која потоа гасот ќе се дистрибуира пошироко во регионот, како и во земјите кои ќе покажат интерес.

Истовремено, од нашиот пријател и сојузник САД, имаме силна поддршка за реализација на интерконекторот за гас со Грција.

Со тоа добиваме уште една можност на снабдување со природен гас од Азербејџан, но и можност за поврзување на ЛНГ терминалите во Грција.

Овие проекти на нашата држава ќе и обезбедат стабилно и континуирано снабдување со гас, независност и конкурентни цени, што е во согласност со долгогодишната енергетска стратегија.

Овие значајни проекти, ја прават нашата земја енергетски коридор за земјите од Југоисточна Европа за алтернативен пристап до значајни енергетски ресурси.

Со тоа, правиме јасна разлика во енергетските политики. Од земја која што беше енергетски остров, држава зависна од само еден коридор, денес Северна Македонија е интегрирана во енергетски проекти и вклучена во иницијативи за енергетско поврзување кои отвораат можности за брз економски развој.

СДСМ останува посветена на креирање и реализација на квалитетни енергетски политики што се во интерес на државата и сите граѓани.

Последни вести