fbpx

Започна реконстукцијата на улица Васил Ѓоргов во Центар, обезбедуваме сигурен и безбеден сообраќај

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Дарко Гиговски од ОО СДСМ Центар

Почитувани граѓани,

Општина Центар заедно со Град Скопје, предводени од СДСМ, започнаа со реконструкција на улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец, на потегот од крстосницата со Рузвелтова до Водњанска.

На овој потег, покрај нов коловоз на должина од околу 1.000 метри, ќе се обноват оштетените делови од тротоарите, ќе се заменат оштетените рабници, а ќе има и корекција на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт.

Оваа улица, како една од главните сообраќајни артерии во градот, е од големо значење за нормалното функционирање на жителите од општина Центар.

СДСМ продолжува со инвестициите во патната инфраструктура, обезбедуваме посигурен и побезбеден сообраќај.

Градиме по план, инвестираме во иднината на нашите сограѓани.

 

Последни вести