fbpx

Нема да дозволиме пропаднатиот политичар Мицкоски да ја кочи новата нормалност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

 

 

Почитувана јавност,

Во овој важен период за граѓаните и за државата, СДСМ продолжува да се води од три клучни приоритети:

Првиот е заштита на здравјето на граѓаните, вториот е брза трансформација на економијата и третиот, функционални институции – гарант за силна демократија.

Сите досегашни параметри и официјални податоци покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола. Државата, општеството почнуваат да ја живеат новата нормалност.

За нова и брза трансформација на економијата и целосно функционални институции кои се гарант за силна демократија потребни се избори во првиот можен термин.

Предвремените парламентарни избори кои веќе се распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања да биде усогласена со заштитните протоколи.

Последната одлука на Уставниот суд, ја потврдува уставноста на владината уредба да се запрат предизборните активности зa распишаните избори поради коронавирусот. Тоа значи дека роковите за изборниот процес продолжуваат по завршување на вонредната состојба.

ДИК по завршувањето на вонредната состојба, треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите.

Како одговорна партија, ние сакаме избори кога вирусот е најмногу под контрола, со највисоки мерки на заштита и без ризик по здравјето, со цел да воспоставиме нормална работа на парламентот и владата и да можеме сите капацитети да ги вложиме во рестарт на економијата.

Комисијата објави протоколи за спроведување кампања и за одржување на избори, сите ќе се водиме по нив и ќе спроведеме избори со сите заштитни механизми. Гласачкото место ќе биде најстрого обезбедено со сите заштитни мерки.

Од друга страна почитувани граѓани , пропаднатиот какошто сам сака да се нарекува Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидуваат да ги попречат демократски процеси. Се обидуваат вештачки да создадат криза.

Пропаднатиот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат функционално Собрание, не сакаат институции со полн легитимитет. Тие се против заживување на економијата, против здравјето на граѓаните да биде обезбедено и не сакаат државата да оди напред.

Тоа со сигурност нема да го дозволиме.

Нема да дозволиме нивното неодговорно однесување да ја втурне нашата држава во лош правец. Исто како што не дозволивме тоа да се случи и за време на оваа здравствена криза.

Нема да дозволиме еден пропаднат спортист, пропаднат политичар како Христијан Мицкоски да ја попречува новата нормалност, да спречува целосна функционалност на институциите и создавање услови за трансформација на економијата.

Избори мора да има и ќе заради здравјето на граѓаните, заради новата економија за која се подготвуваме, заради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа државата.

 

Последни вести