Прес-конференција, Диме Велковски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани,
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е посветена на сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти.
Во време на сериозна глобална и економска и здравствена криза, инвестициите во инфраструктурата се од голема важност за побрзо надминување на негативните економски последици.
Низ државата, во тек е изградба на 190 километри патна мрежа во вредност од 800 милиони евра.
Автопатот Кичево – Охрид веќе добива посилна динамика, а на автопатот Скопје – Блаце изведувачот на првата делница, веќе е воведен во работа.
Во тек е рехабилитација на 208 километри патна мрежа во вредоност од 42 милиони евра, а обезбедени се 70 милиони евра за изградба и реконструкција на улици и локални патишта во општините.
Истовремено, во тек се 29 проекти за изградба на водоводи и канализации а се подготвуваат уште 14 проекти.
Во пет општини: Пробиштип, Неготино, Виница, Св. Николе, Бутел, во тек е изградба на 506 социјални станови, а наскоро започнуваме со изградба на нови социјални згради во Демир Капија, Гевгелија и Велес.
Во однос на проектот за гасификација, реализирана се 60 отсто од делницата Скопје-Тетово-Гостивар. Оваа делница е со вкупна должина од 86 километри во вредност од 29 милиони евра.
Се работи и на делницата Неготино-Кавадарци-Битола, каде се релизирани над 89 отсто на делницата која е во вкупна должина од 92 километри и вредност од 36,4 милиони евра.
Почитувани,
Развој и унапредување на инфраструктурата и енергетскиот сектор остануваат врвен приоритет за Влдата предводена од СДСМ. Остануваме посветени на реализација на проектите кои обезбедуваат подобар квалитет на живот за сите.
Градиме по план, инвестираме во проекти важни за државата, важни за граѓаните.