Прес-конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата
Почитувани,
Пандемијата со коронавирусот драстично го промени секојдневното функционирање насекаде низ светот.
Исклучок од тоа не се ниту институциите во нашата држава, исклучок не е ниту Собранието на Република Северна Македонија.
Заради непречено функционирање на законодавниот дом во време на светска пандемија, како парламентарно мнозинство на денешната координација повторно ја објаснивме потребата од промена на Деловникот со цел воведување работа од далечина само на пратеници кои имаат решение за изолација.
Тоа значи дека само оние пратеници кои се заболени или пак се наоѓаат во изолација поради контакт со заболено лице, пристуствата на седниците на Собранието и на работните тела да можат да ги извршуваат онлајн.
Во време на сериозни предизвици, на граѓаните им се потребни институции со целосен капацитет. На граѓаните им е потребно Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности.
Вакви примери на комбинирано работење на Парламентите има низ целиот свет.
Како одговорни пратеници и како владејачко мнозинство нема да дозволиме нефунционалност на државата во борбата со ковид. Не смееме да оставиме држава без донесен ребаланс на Буџет, потоа без донесен Буџет за 2021 години или други битни работи кои се од интерес на граѓаните, компаниите, економијата, институциите во вакви тешки моменти и за нас и за светот.
Наша цел и задача е да им служиме на граѓаните кои не избрле и тоа треба да го правиме во секакви околности, вклучувајќи ја и оваа пандемија. Сега не е време за дневнопартиски калкулации, тука уште повеќе да се посветиме на интересите на граѓаните.