Соопштение за јавност
Со зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавиусот може да се справиме само со строго почитување на мерките за заштита на личното и јавното здравје – носење маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.
Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет. Од почитувањето на мерките за лична заштита и здравствените ковид протоколи зависи дали ќе се воведуваат дополнителни рестрикции.
Во сериозната состојба со трендот на раст на инфицирани, нема толеранција за прекршителите на мерките, ниту толеранција за тие кои свесно, преку погазување на протоколите и мерките, предизвикуваат ширење на коронавирусот.
Владата предводена од СДСМ, на барање на инспекцискиот совет усвои измени на Законот за заштита на население од заразни болести, со кои инспекциски служби добиваат нови, поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите.
Доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти.
Коронавирусот не штеди никого, никој не е имун, затоа од исклучителна важност е почитувањето на сите здравствени ковид протоколи и заштитни мерки за да се заштити здравјето на секој граѓанин.
Ниту здравствените работници, ниту другите надлежни служби, оваа битка не можат да ја извојуваат сами.
Да се обединеме и да се поддржиме меѓусебно, битката против невидливиот непријател мораме да ја водиме сите заедно, само заедно ќе го победиме.