Соопштение за јавност
Антонио Фејкњуз Милошоски продолжува со своето неодговорно однесување на штета на граѓаните и државата.
Шпекулациите и лажните вести на Милошоски се класична саботажа на работата на експертската комисија и обид за ослабување на националните позиции во клучен момент со перфидни манипулации.
Уште еднаш се потврдува дека Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски работат против интересите на државата и против процесот на интеграција. Во период кога се очекува почеток на преговорите со ЕУ и организирање на првата меѓувладина конференција со ЕУ, Мицкоски, Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да шират лажен патриотизам и да се однесуваат неодговорно.
Човек кој Блаже Конески го нарече „џуџето од Небрегово” нема кредибилитет и интегритет да се претставува за бранител на македонските национални интереси, напротив, Милошоски е докажан извор на лажни вести и докажан деструктивец кога се во прашање државните и национални интереси.
Затоа и тој и Мицкоски три пат губат на избори и затоа уште долго остануваат во опозиција.