fbpx

Целосно асфалтиран патот Раштак – Бутел, продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Јована Стојчевска од ОО СДСМ Гази Баба

Почитувани граѓани,

Како локална власт во општина Гази Баба продолжуваме да ги реализираме проектите во интерес на сите.

Наследивме многу проблеми од изминатите 25 години, но со одговорна и посветена работа еден по еден ги решаваме.

Имено, спроведуваме асфалтирање на патот Раштак – Бутел во должина од 5 километри.

Конечно на овој начин, жителите добиваат безбеден пат кој дополнително е проширен од 3 на 5 метри, а ќе биде изграден и потпорен ѕид покрај истиот.

Овој проект кој е во вредност од ‪16 700 000‬денари се реализира во соработка со агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Почитувани,

Покрај овој локален пат со поддршка од Владата оваа година се изградени и локалниот пат од Страчинци кон Виниче и од основното училиште во Булачани до викенд населбата.

Посветено продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните и спроведување на ветените проекти.

Последни вести