Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ и во време на сериозна пандемија, обезбеди непречен тен на образовниот процес, како со учење на далечина, така и со физичко присуство на учениците и наставниците во училиштата.
Онлајн наставата без поголеми потешкотии ја следат 88% од учениците, а овој процент од почетокот на учебната година е зголемен за 18%, благодарение и на иницијативите на локалните самоуправи кои за исклучително краток период, преку донации обезбедија ИТ уреди за учениците и наставниците кои ја немаа потребната опрема.
За останатите ученици коишто немаат можност да следат онлајн настава, секојдневно се емитуваат 15 минутни часови на телевизија преку Националната радио-телевизија на македонски и на албански јазик, но и наставниците имаат обврска да доставуваат печатени материјали до децата и на дневно ниво да комуницираат и да го следат нивниот напредок во совладувањето на материјалот.
Во околу 600 училишни објекти во државата се одвива настава со физичко присуство на учениците и наставниците, под строго утврдени протоколи и алгоритми.
Учениците и наставниот кадар кои се вклучени со физичко присуство во образовниот процес треба да продолжат доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од коронавирусот со тоа да го заштитат сопственото и јавното здравје.
Владата предводена од СДСМ со одговорен и системски пристап со овој комбиниран модел, обезбеди успешен старт на учебната година и успешен наставен процес.
СДСМ продолжува одговорно и посветено да работи во интерес на учениците и наставниците.