Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ
Владата предводена од СДСМ во овие две години стави значаен акцент на капиталните и инфраструктурни проекти од третата изборна единица и во истокот на државата, денеска сме во кривопаланечко на увид на проектите, патиштата коишто интензивно се градат како резултат на политиките на СДСМ.
Во овој регион се гради еден од четирите експресни патишта коишто моментално се градат во државата 58 милиони евра се одделени и се планираат во експресниот пат Ранковце -Длабочица – Крива Паланка.
Тоа е огромна капитална инвестиција за целокупниот регион и за нашето поврзување со Бугарија и со ЕУ.
Покрај ова во овие 2 години, 20 милиони евра се инвестираат во над 73 километри патишта којшто се рехабилитираат, доградуваат или коишто се градат во овој регион. Само што завршува рехабилитацијата на 22,7 километри од постојниот пат Ранковце – Крива Паланка во износ од 2,6 милиони евра.
Започна изградбата со доградба на трета линија и со четири нови мостови на патот Крива Паланка – Деве Баир, меѓународен пат којшто не поврзува исто така со Бугарија и ЕУ. Тука инвестираме 13 милиони евра во 13 километри дополнителни патишта.
Во текот на месец Мај завршува тендерот за уште една нова инвестиција во овој регион, а тоа е еден од најлошите патишта во државата од село Узем, се до најголемиот објект во градот коишто вработува стотици наши граѓани, тоа е рудникот Тораница. Околу 2,3 милиони евра ќе се инвестираат во рехабилитација на овој пат од 7 километри.
Преку програмите на ЈПДП и преку Македонија Пат дополнително во овој регион се инвестираат околу 1,5 милиони евра.
Минатата и оваа година во рехабилитација на патишта, кои што не биле рехабилитирани и по 40 или 60 години, тоа е Крива паланка-Огут, Крива Паланка-Голеш. Владата на СДСМ во овој регион ги заокружува после многу децении овие рехабилитации, овие нови патишта, кои што значат придонес за подобрување на квалитетот на животот на сите наши граѓани.
Дополнително преку програмите на останатите министерства, преку програмите на Министерството за земјоделство и на Платежната агенција, на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, заедно со општината овде реализираме рекорден број на проекти кои што ги доби општината со проекти со кои што се конкурираше.
Неколку проекти во износ од 3 милиони евра, се инвестираа токму во овој регион.
1.7 милиони евра е системот за наводнување на Славишко поле кој што веќе започна со градба и околу 1 милион евра за патишта кои што особено значат за локалното население во овој регион . Односно, 20 милиони евра за над 70 км патишта кои што се рехабилитираат доградуваат, градат.
58 милиони евра за експресниот пат кој што се гради, Ранковце-Крива Паланка, и околу 3 милиони евра преку програмата за рурален развој и преку Буџетот на МЗШВ.
Почитувани граѓани, за СДСМ зборот е збор! Сме го дале и ќе држиме! За нас зборот важи ,она што ќе го ветиме , го остваруваме!
Во овој регион се гради, како никогаш досега. Крива Паланка се гради, зборот важи!