Прес- конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувана јавност
И во време на сериозна здравствена криза ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се откажуваат од ширење лажни вести.
Тоа е многу помалку од лажните тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за 100.000 отпуштени работници.
Мерките за поддршка на економијата даваат резултати. Тоа го покажуваат и проекциите на Светската Банка според кои Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар во однос на сите земји во регионот.
Интересот на компаниите е голем.
Најпогодените сектори од кризата како угостителството, туризмот и транспортот, покрај 14.500 денари по вработен, можат да добијат и поддршка за покривање на 50 отсто од придонесите за април и мај.
Важно е да се напомене дека фирмите коишто ќе ја користат мерката помош од 14.500 денари по вработен, дури и да покажат добивка за 2020 година, финансиската поддршка нема да треба да ја вратат, доколку истата сума ја инвестираат во развој на сопствената фирма во текот на 2021 година.
Мерката 14.500 денари по вработен, можат да ја користат и занаетчии, фризери, козметичари, земјоделци и други самостојни вршители на дејност.
Одржувањето на ликвидноста на стопанство е клучно. Затоа брзиот поврат на ДДВ кон фирмите во време на криза е многу важен.
Од почетокот на годината заклучно со април фирмите добиле поврат на ДДВ од 145 милиони евра. Тоа е за 16,7% повеќе во однос на претходната година.
СДСМ посветено ќе продолжи со поддршка на фирмите и граѓаните, за зачувување на работните места, со што и се поставуваат темелите за брзо интензивирање на економијата кога ќе заврши кризата.