Прес-конференција, Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени СДСМ
Почитувани,
Кадарот на Христијан Мицкоски, министерoт за внатрешни работи, Наќе Чулев продолжува со несериозно и неодговорно однесување во време на сериозна здравствена криза.
Додека припадниците на полицијата имаат голем обем на работа, Наќе Отсјај повлече 80 полициски возила и стотици полицајци за да снима спот.
Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наводно се загрижени за здравјето на полицајците, Чулев ги ангажира за пропагандни видеа.
Наместо полицајците да им бидат на располагање на граѓаните, тие неколку часа биле ставени на располагање на Наќе Отсјај.
Тоа е истата режимска матрица на МВРО-ВМРО.
Но тука не завршува неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски вчера јавно тврдеше дека дека да не е информиран за тоа што неговиот министер Наќе Отсјај снимал спот.
Зарем Мицкоски не гледал вести, не чита портали, и не знаел дека снимањето на спотот во време на полициски час беше една од главните вести во медиумите?
Почитувани,
Одамна е јасно дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни граѓаните, никогаш не биле важни институциите. Важен им е само личниот и партискиот интерес.
Граѓаните одново ќе го казнат ваквото неодговорно, несериозно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.