fbpx

Целосно реконструирана улица Востаничка во Кисела Вода, обновена е и водоводната мрежа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Бојана Ацева, советничка на СДСМ во Советот на општина Кисела Вода

Почитувани граѓани и граѓанки,

И покрај пандемијата со коронавирусот, СДСМ континуирано работи на реализација на бројни инфраструктурни проекти во Градот Скопје.

Посветениот и плански пристап на локалната власт во Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов му дава на Градот нов, урбан лик, со постојан развој и инфраструктурно уредување.

Се наоѓаме на улицата Востаничка во општината Кисела Вода, чија реконструкција се изврши на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски. На делницата долга 1.100 метри се обновени коловозот и рабниците, а се реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките.

Истовремено, на улицата Востаничка беше обновена и водоводната мрежа и беа изработени нови 76 приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување.

Улицата Востаничка е продолжение на улиците Бихаќка и Црниче кои беа реконструирани минатата година.

Почитувани,

СДСМ како на локално така и на централно ниво постојано работи и вложува во упаредувањето на патната инфрастурктура. Обезбедуваме посигурен и побезбеден сообраќај за сите граѓани.

Во период што предстои посветено продолжуваме да вложуваме во развојот на инфраструктурата во општина Кисела Вода и Град Скопје.

Градиме по план во интерес на сите граѓани. работиме уште повеќе за да биде уште подобро.

 

Последни вести