fbpx

Мицкоски подмолно се радуваше на бројот на починати и се потсмеваше со жртвите на коронавирусот, лажна е неговата загриженост

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На Христијан Мицкоски коронавирусот одеднаш му стана опасен, конечно ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките заштита, откако осум месеци на сите можни начини ги опструираше и поткопуваше сите напори на институциите за справување со најголемата здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата.

Мицкоски сега глуми згриженост за состојбата со коронавирусот и за здравјето на граѓаните, а од друга страна го праќа подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ пред министерството за здравство да се потсмева со жртвите.

Мицкоски подмолно се радуваше на бројот на починати, во очаен обид политички да профитира врз грбот на починатите и заболените, врз грбот на нивните семејства, роднини и пријатели, со што го допре политичкото дно.

Лицемерно е што Мицкоски со месеци ги критикува мерките на Владата, а сега повикува на нивно почитување.

Лицемерно е што високиот функционер на Мицкоски, лекарот Вело Марковски многу пати во јавноста зборуваше за теории за заговор за некаков безопасен вирус, па дури и дека не треба да се носат маски.

На Мицкоски му требаа осум месеци да сфати дека пандемијата зема замав, бројот на инфицираните расте, болниците се преполнуваат, а здравствените работнци се уморни од постојаната пожртвувана борба со вирусот.

Во меѓувреме одеше во теретана и во кафана кога беше забрането, неговиот Наќе Чулев не казнуваше за прекршување на мерките за заштита, Гордана Кочовска Димитриеска го блокираше заемот за опремување на болниците, им лепеше партиски етикети на лекарите и ги плашеше граѓаните дека нема доволно тестови и заштитна опрема.

Недоследноста и лажната загриженост на Мицкоски не проаѓа кај граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе биде во опозиција.

Последни вести