fbpx

Очајното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да води полтикатнство со природни појави, за време на нивното владење цели општини со денови немаа елетрична енергија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

Очајното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да води полтикатнство со природни појави, за време на нивното владење цели општини со денови немаа елетрична енергија

Продолжува лицмерното, неодговорно и полтикантско однесување на ВМРО-ДПМНЕ, па во очај користат и природни појави за дневнопартиски цели.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за состојбата со Тиквешкото езеро, енергетскиот систем и системите за наводнување, при тоа манипулирајќи со фактите.

А фактите велат дека котата на Тиквешко езеро на 14.11.2020г. изнесува 238,74 а согласно Водостопанската дозвола, нивото на езерото може да се движи меѓу максимална кота од 268.5 мнв и минимална кота од 233 мнв.

Фактите велат дека во вегетациски период котата не смее да биде под 245мнв. со цел непречено функционирање на системот за наводнување на Водостопанство Тиквеш Кавадарци, со оглед на тоа што примарната цел на изградбата на акумулацијата е наводнување на земјоделските површини, а оваа година каналите за наводнување имаа вода до 13.10.

АД ЕСМ, согласно Водостопанската дозвола, за користење на водата за производство на електрична енергија му плаќа на Министерството за животна средина 1% од призводната цена на киловат час, пресметана на излез од електраната.

ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се спроведува одржлива и одговорна енергетска политика, затоа што за потсетување во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот советник за енергетика Христијан Мицкоски државата беше зависна од увоз за скапа струја, а испадите во мрежата за електрична енергија беа честа појава, каде што цели населени места, цели општини немаа струја со денови.

ВМРО-ДПМНЕ е толку очајна реши да тера политиканство со природните појави и затоа не треба да се чудат зошто се во опозиција.

Последни вести