Снимено видео обраќање Никица Бачовски, член на Комисија за земјоделство на СДСМ
Почитувани граѓани,
Владата предводена од СДСМ продолжува со реална и конкретна грижа за земјоделците.
Веќе се исплатени 30 милиони евра субвенции кон 19.050 тутунопроизводители за откупен и предаден тутун од реколтата 2019.
Покрај оваа поддршка, годинава тутунот забележа и рекордно висока откупна цена во просек од 220 денари за килограм предаден тутун.
Со последната исплата, вкупно за неполни три години, Владата предводена од СДСМ во аграрниот сектор, по националните порграми исплати над 427 милиони евра кон земјоделците.
Тоа е сериозен износ на средства што ја покажува посветеноста на СДСМ за развој и унапредување на земјоделството како една од клучните стопански гранки во нашата држава.
Роковите за доставување на апликации и реализација на проектите од националните програми и ИПАРД програмата се ставени во мирување за време на траењето на вонредната состојба. Со ова се обезбедува дополнителен рок за имплементација на започнатите инвестиции со цел успешна и навремена реализација на инвестиционите обврски на земјоделците и агросекторот. Со ваквото одговорно управување и институционален менаџмент остануваме на лидерскиот курс како држава со најголема искористеност на европските фондови за земјоделство и рурален развој.
Почитувани,
И во време кога државата како и целиот свет се соочува со здравствена и економска криза, Владата презема мерки за да се ублажат последиците врз земјоделството и руралниот развој.
Земјоделците кои се самостојни вршители на дејност, а се регистрирани според Законот за трговски друштва, ќе имаат можност да користат и дел од економскиот пакет на мерки, како финансиската поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај.
Дополнително, Рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 се продолжува до 12-ти ноември 2020 година, а со цел да се намали загубата на одгледувачите на овци, вкупната поддршка за женско јагне ја зголемивме на 2.500 денари по грло.
Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во земјоделството, продолжуваме со вистинска и конкретна помош за сите земјоделци.