fbpx

Николовски: Три години по крвавиот четврток ВМРО-ДПМНЕ не се промени, остана на политиките на поделби, конфликти и омраза

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ три години по крвавиот четврток  остана во своите ровови, од каде шири омраза, страв, конфликти и поделби, тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое три години не го промени наративот, политиките,  луѓето и начинот на однесување и не може да се приклучи на пресвртот што го донесе СДСМ.

Ова денеска на прес конференција го истакна Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање, за однесувањето на опозицијата во пост-груевизмот.

„Во толпата пред Собранието, на најмрачниот ден за нашата демократија година беше и Христијан Мицкоски и тоа  додека внатре се лееше крв и се спроведуваше сценарио за кое мора да има одговорност“,  нагласи Николовски.

Тој истакна дека три години по крвавиот четврток, кога нашата земја беше изолирана, сега е полноправен член на НАТО, почнува преговори со ЕУ и стана модел во регионот и во Европа, пример за решавање на проблемите.

Пресвртот го направи оваа генерација, оваа  коалиција предводена од СДСМ, со одговорен и чесен пристап, рече Николовски, додавајќи дека државата тргна напред, само ВМРО-ДПМНЕ  остана во својата матрица на омраза и конфликти.

СДСМ е тука да ја поддржи државата, да ја извлече од кризата, им дава поддршка на сите институции, кои крајно сериозно и одговорно се носат со предизвикот пред кој се наоѓаме, а граѓаните им веруваат на институциите што ја водат оваа битка, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Последни вести