fbpx

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки, професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за медиумските реформи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

 

 

Почитувани граѓани, почитувана јавност,

Трета години по ред, Република Северна Македонија бележи напредок во слободата на медиумите во извештајот на Репортери без граници.

Спроведените реформи, демократското владеење, почитувањето на човековите права и слободи, придонесоа за напредок на нашата држава во однос на слободата на медиумите.

Денес, за разлика од 2016 година и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, имаме подобрување од 19 места на листата на Репортери без граници.

Но на ова поле, пред нас се уште има предизвици и затоа треба да се продолжи со реформите и со постојано унапредување на медиумските слободи.

Во извештајите на Репортери без граници како проблем редовно се издвојуваат работењето на Националниот јавен сервис, кој според оваа организација, се уште е под контрола и во функција на ВМРО-ДПМНЕ.

Потреба од подобрување на независноста на јавниот сервис беше нотирана и во извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја.

Затоа е важно оваа институција да се професионализира и да се дешартизира.

Почитувани, 

Јасно е зошто ВМРО-ДПМНЕ, со месеци свесно го кочеше  изборот на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ.

ВМРО-ДПМНЕ е против реформите во медиумите, против силни незавинси и професионални институции.

За да се надмине ова, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да дадат неотповикливи оставки од своите позиции како членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ.

Потребно да се изврши избор согласно новите законски одредби, што ќе значи департизирање и професионализирање и на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТ.

Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформата на медиумите и унапредување на демократските вредности во државата. 

Без разлика дали тоа му се допаѓа или не на ВМРО-ДПМНЕ, реформите мора да продолжат во интерес и на државата, на граѓаните, но и на медиумите.

Последни вести