fbpx

Фирмите погодени од кризата ослободени од плаќање на износот за данок на добивка за март, април и мај

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ

 

Почитувани граѓани, 

Владата на Република Северна Македонија е со вас во овие тешки мигови. Економските ефекти на коронавирусот ги чувствуваме апсолутно сите. Но, запомнете, ние сме тука за вас и заедно ќе го изодиме овој тежок пат. Владата има јасна цел во оваа глобална криза, а тоа е спас на секое работно место и на секоја компанија.  

Веќе се реализира вториот пакет на економски мерки кој вклучува 14.500 денари месечно по вработен, помош за спортисти од 14.500 денари, помош за уметници и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата. 

Државата се грижи и за лицата кои биле дел од неформалната економија и останале без приходи а се запира и законот за извршување до крајот на јуни. Се забранува отварање на стечајна постапка а отворен е и солидарен фонд за помош на граѓаните погодени од кризата.

Би сакал да ве информирам и дека веќе се одобрени 254 кредити за мали, микро и средни компании од бескаматната кредитна линија на Развојната банка. За големата заинтересираност за оваа мерка покажува и фактот што досега поднесени и во фаза на разгледување до Развојната банка се над 1.050 барања за бескаматни кредити. 

Со цел да ви помогнеме во надминување на последицит еод кризата, Владата донесе и Уредба со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба. Со оваа Уредба се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година.

Истовремено, донесена е и Уредба која обезбедува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.

Ослободувањето од плаќање на аконтациите на данок на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други компании кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за справување со КОВИД–19.

Критериумите за оваа помош се строго дефинирани и истите важат за сите. 

Почитувани, 

Ова се само мал дел од мерките кои имаат за цел помош на домашните претпријатија, помош за секое работно место.

И не застануваме тука. Во подготовка е нов пакет на суштински мерки и политики кои ќе обезбедат дополнителна помош за домашната економија. 

Во изминатите две и пол години создадовме силна и стабилна економија подготвена да се носи и со сериозни економски предзвици како оваа глобална криза.

Ќе покажеме дека со одговорно, домаќинско и правилно управување со јавните финансии, брзо ќе ја надминеме оваа криза, со што помали последици врз стопанството.

 

Последни вести