fbpx

Претседателот на СДСМ Зоран Заев за Фокус: Поминувам доста време со семејството, навечер читам книга или гледам филм

Facebook
Twitter
LinkedIn

Поради интервју со новинар кој се испостави дека е позитивен на Ковид 19, лидерот на СДСМ Зоран Заев замина во домашна изолација, чиј период истекува утре. Со оглед дека забраната за движење стапува во петок и останува активна за време на Велигден, Заев вели дека ќе остане во неговиот дом во Струмица и во следните неколку дена, па после празникот ќе продолжи со вообичаените активности. Тој за Фокус раскажува дека во периодот минат дома ги извршува работните обврски, минува време со семејството, но наоѓа време да прочита книга и да изгледа филм.


-Поминувам доста време со моето семејството. Тоа за мене лично е една придобивка од седењето дома. Семејството е една од најважните работи. Претпладнето го користам најчесто за завршување на работните обврски, со помош на дигиталните платформи и апликации. Секогаш кога е можно се трудам да завршам до 16 часот. Потоа е периодот за дружба со семејството, со моите најблиски. Во текот на вечерта наоѓам доволно време да прочитам некоја книга или да изгледам некој филм. Читам, би рекол прилично. Следам што се светските трендови, што се проценките на глобално ниво и во однос на здравствената, но и во однос на економската криза што следи – вели Заев.

Целото интервју прочитајте го на следниот ЛИНК.

Последни вести