Соопштение за јавност
Ми претставува огромно задоволство што денес сум со вас и ви благодарам на можноста да се обратам и да говорам за нашиот придонес, нашите политики и нашите социјалдемократски вредноси со акцент на родовата еднаквост, целосна рамноправност, вклучување на жените во општествениот живот и секако борбата, активизмот против насилството, вклучително и родовото насилство.
Горд сум што пред вас и пред целата јавност можам да кажам дека СДСМ е партија предвовник на концептот за целосна родова еднаквост, партија која креира и спроведува политики кои значително помагаат во поголемата вклученост на жените во општествениот живот. Можам да кажам дека ние, заедно со жените од СДСМ, го покажавме со дело она што беше заложба на вториот бран на феминизмот преку мотото дека „Личното е политичко“.
Преку конкретни дела и политики покажавме што значи вистинска заложба, би додал и вистинска борба за жените во политиката но и во општеството.
Последен доказ за тоа се и статутарните измени во СДСМ. Со овие измени СДСМ е прва партија во земјава, прав партија во регионот и една од ретките партии во Европа која има целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените рамноправно во своите органи и тела на партијата.
Форумот на жени на СДСМ се регулира како трајна и статутарно предвидена форма на организирање што е нова, додадена вредност.
Жените се дел од промените на СДСМ, жените се дел од победите на СДСМ и жените се дел од победите на нашата татковина, дел од секој успех во изминатите 3,5 години откако ја презедовме одговорнота што ни ја дадоа граѓаните.
Родовата еднаквост е вредност во која ние како социјалдемократи веруваме, затоа што општество каде сите се еднакви е општество во кое има просперитет. Такво општество ние создаваме.
Веруваме во општество кое дава еднакви шанси на сите граѓани. Градиме општество во кое секој граѓанин, без разлика на полот, има еднаков пристап до ресурсите и нивната праведна распределба. Веруваме дека за да имаме одржлив развој и да имаме добри предуслови за развој на нашата држава и демократијата, важно e да ги вклучиме подеднакво и жените и мажите во сите структури на општеството, да го искористиме нивниот капацитет подеднакво, никој да не биде заборавен или занемарен.
Наша заложба е општество еднакво за сите и праведно кон сите. Наша цел е да овозможиме постигнување родова еднаквост во нашата земја, сузбивање на родовите стереотипи и елиминирање на родово-базираното насилство, а родовата еднаквост да стане неизоставен принцип во креирањето на политиките во земјата.
Веднаш по доаѓањето на власт ја усвоивме Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство или позната како Истанбулска конвенција, која претставува регионален правен инструмент што дава сеопфатна заштита на правата на жените. Оваа конвенција предвидува заштита на жените од насилство, унапредување на родовата рамноправност, самата улогата на женитево спречување и разрешување на конфликти и градењето на мирот и огромен број на придобивки кои оваа Конвенција ги носи.
Донесовме нов закон за прекин на бременоста, усогласен со европските стандарди, со кој ѝ го вративме правото на жената да одлучува за сопственото тело и за сопственото здравје.
Донесовме законски измени со кои правото на детски додаток и образовен додаток за децата им се исплаќа на мајките.
Отворивме и поддржавме 16 нови сервиси за жртви на родово базирано насилство, рамномерно распоредени во сите плански региони во државата.
Политиката за родова еднаквост ја поставивме како еднакво важна во сите ресорни министерства, а не како претходно, како прашање единствено важно во рамките на социјалната политика.
Ги поттикнавме жените за поголемо вклучување во искористувањето на мерките од Оперативниот план за програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Во 2018 година 54%, односно 3.456 лица од учесниците во активните програми и мерки за вработување беа жени, што за нас претставува посебен успех и голем придонес за поголема инклузивност на жената на пазарот на трудот.
Еднакви права за жените и мажите. Еднакви плати за жените и мажите. Еднакви обврски за жените и мажите.
Затоа реализираме стратегии за развој и директна поддршка на женското претприемништво, како и на младинското претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра за почеток на сопствен и нов бизнис.
Тука се и други мерки за поддршка на жените земјоделки – како темел на семејните фарми.
Го донесовме Законот за заштита и спречување на дискриминација. Овој закон директно треба да придонесе преку Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ниту една жена врз било каква основа да не смее да трпи дискириминаторски однос, дали било на работното место, во науката, во спорот, во политката, во домот, во правосудството и во сите сфери на општественото живеење. Жената треба да биде рамноправна со мажот.
Секоја жена и девојка мора да биде сигурна и заштитена. Ниедна жена и девојка несмее да трпи родово базирано насислтво ниту во домот ниту надвор од него.
Во време на ваква сериозна здравствена криза од коронавирусот со која се соочува целиот свет, сите сме свесни дека нашите граѓани и граѓанки се секојдневно под голем психолошки притисок од неизвесноста на самиот вирус и од нарушеноста на нивното секојдневие, но тоа не смее да преставува причина за пораст на домашното насилство и било какво друго непосакувано однесување врз жените и девојчињата.
Институциите се тука за секој граѓанин, без разлика на полот, работиме на подобрување на капацитетите и нанивнат ефикасност.
Затоа жени и девојки ве охрабрувам немој да молчите – МОЛКОТ НЕ Е РЕШЕНИЕ. Јас, Ние, државата, институциите сме тука за вас да ви помогнеме. Јас и Вие сите заедно мораме да се избориме да го искорениме родово базираното насилство.
Нашата цел е стапката на семејното налслство од година во година да биде се пониска, да бидеме горда земја која ќе покаже во Европа и светот дека имаме земја со ниска стапка на семејно насилство, а за тоа е потреба едукација и активизам.
Од наредната учебна година започнува пилот проектот за воведување на сеопфатно сексуално образование, ова треба да опфати поголем аспкет на едукација на младите уште од најрана возраст за препознавање на сексуалното насилство, непосакуваното однесување врз девојчињата и жените и родовата дискриминација.
Пред нас е секако план за усогласување на останатата законска регулатива со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Нов Закон за вознемирување на работното место (мобинг). Нови законски решенија кои ќе ги земе најдобрите пракси во земјите од Нулта толеранција кон сите форми на дискриминација врз жените!
Родовата еднаквост и во следниот период ќе биде наш висок приоритет. Продолжуваме со политики за градење праведно општество во кое сите граѓани, без разлика на полот, ќе ги уживаат подеднакво своите права и ќе имаат еднакви можности во сите области на општественото живеење.
Жените се на масите на кои се одлучува! Воведуваме целосна рамноправност за жените и мажите на нашите листи за Советите на единиците на локалната самоуправа.
Секоја мерка и секоја политика што ја преземаме е во насока на подобрување на родовата рамноправност во нашата земја, затоа што тоа е базично човеково право.
Драги мои сопратијки, бидете активни, борете се со голема храброст и ентузијазам бидете жени за пример во светот, вашиот пример за борбеност нека стане пример за секоја жена, само на тој начин целосно ќе го искорениме насилството врз жените и девојчињата.
Во мое лично име и во име на СДСМ ве уверувам дека партијата, институциите што ги предводиме ќе продолжат посветено да работат на превенција, но и на санкционирање на секаков вид насилство кон жените.