Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
Почитувани,
Во време на сериозна светска економска криза и пандемија, ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и надвор од него продолжува да се однесува неодговорно и на штета на граѓаните.
Заедно со опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 3.000 апсурдни и бесмислени амандмани со кои го кочи носењето на дополнувањата на Деловникот за работа на Собрнаието.
Овие измени и дополнувања се за обезбедување функционалност на Собранието и поголема заштита на здравјето на пратениците и вработените во законодавниот дом.
Покрај измените на деловникот, ВМРО-ДПМНЕ со над 500 амандмани ги кочи измените на Законот за здравствена заштита, а со близу 500 амандмани ги кочи измените на Законот за внатрешни работи, закони кои се поврзани со измените на Законот за пензионирање.
Ова е грубо погазување на институцијата Собрание, на собраниските служби, погазување на интересите на граѓаните.
Кога блокираат во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат улиците со јавни собири на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот.
Ете толку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за здравјето, толку се грижи за потребите на граѓаните.
За разлика од таквиот нивен однос, СДСМ како одговорна партија е целосно посветена на справување со последиците од коронавирусот.
Владата предводена од СДСМ вчера ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година со што се потврдува намерата на Министерството за здравство за набавка на 833.000 дози на вакцини против КОВИД-19.
Истовремено, забрзано тече процесот на поставување модуларни болници во 16 градови. Велес, Тетово, Гевгелија, Струмица, Куманово, Струга, Битола, Штип, Гостивар, Кичево, Прилеп Кавадарци, Кочани, Дебар, Ресен Охрид ќе добијат свој регионален ковид центар кој ќе има приемен и тријажен оддел, целосно опремена лабараторија, целосно опремени болнички соби и помошни простории за персонал и пациенти.
За потсетување, овие центри ќе беа готови уште во летото, ако заменик министерката за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не го кочеше заемот од Светска банка.
Почитувани,
Граѓаните ја гледаат оваа разлика. Гледаат кој работи во заштита на здравјето, а кој се однесува неодговорно, го поткопува јавното здравство и работи против граѓаните и државата. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе се опозиција.