Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не може да престане да лаже. Невистините и лажните вести се единственото нешто на кое што се потпира ВМРО лажни вести ДПМНЕ. Затоа 6 пати по ред губат на избори.
Предметот историја не се укинува, ниту се брише, ниту се ретушира, џабе лаже оваа загубена партија. Тоа не е точно, се менува пристапот кон изучување на материјата.
Лажеа и ги плашеа граѓаните дека во државата ќе се населуваат мигранти, дека ќе се промени структурата на населението со доселување на 2 милиони Африканци. Сега лажат дека историјата се ретушира.
Реформата на образованиот е потребна затоа што 11 годни токму ДПМНЕ создаде невиден хаос.
Неквалитетни учебници, полни со дискриминаторски содржини и материја несоодветна за возраста на учениците, проектот Кембриџ, чии учебници воопшто не се одобрени од Меѓународниот институтот Кембриџ, кој не бил ни вклучен во развојот на наставната програма по која сѐ уште се предава во училиштата.
Оваа нивна политика го доведе нашето образование на дното на сите ранг листи, според домашните и меѓународни истражувања.
Затоа следува сеопфатна реформа на образованието, а промените кои следуваат ќе им овозможи на учениците поквалитетна настава, подобро и потемелно разбирање на материјата од сите научни дисциплини.