fbpx

Додека сите се борат против коронавирусот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од парите што ги добиваат од Буџетот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Стефан Васев од СДСМ

 

 

Почитувани,

 

Целата држава, сите институции, целата нација со сите сили се борат против заканата од коронавирусот.

Во исто време , Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се посветени само на политичко профитирање во време на здравствена криза. 

Тоа е срамно и неодговорно.

Додека сите ресурси се впрегнати во заштита на здравјето на граѓаните и спречување на негативните последици по економијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересира само личниот и партиски профит.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се откажуваат од парите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги добива од Буџетот.

Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да зборуваат за мерки за штедење, а при тоа не сакаат да се откажат од народните пари.

Тоа е така затоа што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се научени само да земаат од државата, а парите да завршуваат во белиот дворец, па дури и денес, во време кога секој денар е важен за справување со економската криза 

Без разлика на ваквото однесување на Мицкоски, СДСМ ќе продолжи одговорно да се однесува, во интерес на граѓаните, на нивна заштита и справување со економските последици.

СДСМ е на страната на граѓаните и државата. Во овие тешки времиња, потребна е солидарност и меѓусебно помагање, заедништво и одлучна акција против коронавирусот.

Покажавме дека можеме да се справуваме со предизвиците, ќе покажеме дека можеме да се справиме и со овој предизвик кој е и здравствен и економски.

Последни вести