Соопштение за јавност
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Буџетот за 2021 година кој е скроен да одговори на здравствените и економски последици од коронавирусот.
Пропадна уште еден срамен обид за блокада на ВМРО-ДПМНЕ овојпат за носењето на Буџетот за 2021 којшто е важен за граѓаните и за економијата.
Јавноста беше сведок на уште едно подло, неодговорно и нечесно однесување на ВМРО ДПМНЕ кога опозициските пратеници ја напуштија салата во моментот кога Буџетот требаше да се гласа, мислејќи дека нема да се обезбеди кворум и со тоа Буџетот нема да биде изгласан.
ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата беа спремни државата да остане без донесен Буџет, да мора да функционира преку времено финансирање и тоа во година во којашто треба да се санираат последиците од економската и здравствена криза, финансиски да се поддржат граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ и одговорност не одат во иста реченица. Водени само од својот личен и партиски интерес, тие целосно го имаат изгубено чувството за грижа и одговорност пред граѓаните.
Во време кога цел свет се обединува во борбата против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ избега од Собранието и од мерките кои се од интерес на граѓаните и државата.
Истото ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски избега од избори, избега од граѓаните, но никако не може да избега од срамот за нечесните политики коишто ги води.