fbpx

СДСМ е одговорна, ги почитува препораките на институциите, партиските активности ги прилагоди а големите настани ги откажа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност- одговор на новинарско прашање, Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ

СДСМ е одговорна партија, се грижи за здравјето на граѓаните и своите партиски активности целосно ќе ги прилагоди на препораките на Комисијата за заштита од заразни болести, како дополнителни мерки во борбата против корона вирусот, информираше на денешната прес-конференција генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.  
 
На прашањето дали, после последните препораки, ќе има рестрикции во однос на јавните собири, Николовски информираше дека активностите на претседателот Зоран Заев и на партиското раководство планирани за деновиве ќе се одложат.  
 
„Целосно ги почитуваме сите препораки што доаѓаат од надлежните институции. Впрочем и вчера на Конгресот секој делегат потпиша изјава дека не патувал во регионите со најголеми жаришта, по што добиваа полномошно за да може да учествуваат на самиот конгрес. Нема поголема вредност од јавното здравје и сите сме обврзани да се грижиме за интересите на сите граѓани“, изјави денеска Николовски.
 
За СДСМ државните интереси и здравјето на граѓаните се најважни и затоа како партија носи одговорни и брзи одлуки кои значат целосно и доследно почитување на препораките на надлежните институции. 

Последни вести