Одговор на новинарско прашање од денешната изјава на претседателот на СДСМ, Зоран Заев
П1: Во текот на утрешниот ден е предвидена лидерска средба за што ќе се разговара, ќе има ли избори без кампања или е можно одлагање на веќе закажаните избори?
Навистина ги следиме трендовите дури од жариштата од каде што почна од Кина, работите се смируваат веруваме дека и кај нас ќе се смируваат, но до тогаш сите сме должни без разлика дали сме политички лидери на победничка коалиција да ги послушаме државните органи, целта на повикот е препораката од министерство за здравство и премиерот Спасовски не повикува лидерите на поголемите политички партии за да разговараме околу моделите на водење на кампањата, веројатно да ни укаже на нас лидерите, а да пренесеме и на коалиционите партнери каков вид на кампања е дозволива и што е препорачлино како да се придржуваме до сите задолженија, како и оние препораки што се од страна на државните институции за да можеме да го исполниме тоа што граѓаните од нас го очекуваат, да ги промовираме нашите програми, нашите кандидати, визии и слично, а притоа да се испочитуваат сите задолженија и препораки од државните институции, тоа е целта.
Јас лично не гледам на ниту еден начин, ниту било која причина за изборите да се одложуваат. Тоа е целта која сакаме да ја постигнеме и не е добро да се одложат изборите, тие треба да се одржат. Сите државни ресурси се подготвени, екипирани и парламентот е распуштен, веќе е подготвено се она што е претходна постапка и е завршено. Сега можеби корона висрусот ќе не стави во позиција на некои поинаков вид на кампања, секако електронските медиуми се на располагање, интернет можностите се на располагање, видео стримови и така натаму, можеме да ги поставиме и верувам дека ќе допреме до граѓаните, важно е граѓаните да знаат за што ќе гласаат, да знаат што ќе бираат и како да изберат, важно е да ги промовираме сите наши поединци и пратеници, програми, визии и детали околу целата работа за да може да излезат, затоа што важно е граѓаните да излезат, успешноста на изборите не е исто дали ќе биде со 45% или со 75%. Така што веруваме дека максимално ќе мотивираме да излезат граѓаните заради тоа што со излезноста на граѓаните и граѓанската должност секако ја исполнуваме.
Целта е токму тоа на лидерската средба каде премиерот Спасовски не поканува утре во Владата.