Реакција на писмена реакција на ВМРО-ДПМНЕ за членството во НАТО
Противењето на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, дека со влезот во НАТО државата обезбеди имотен лист, е скандалозно.
Ваквата реакција само ја докажува анти-НАТО политиката на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, што е спротивно на стратешките цели и интереси на граѓаните и на државата.
ВМРО-ДПМНЕ е против НАТО, против влез во ЕУ.
Сега е уште појасно зошто Христијан Мицкоски беше единствениот во Собранието кој не аплаудираше на членството во НАТО, остварување на деценискиот сон, стратешка цел од независноста на државата.
ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува и придонесите на АСНОМ и лицемерно ги користи, заборавајќи ги нивните патешествијата во потрага по антички корени и бришејќи ја секоја трага од тоа време.
НАТО значи безбедност, сигурност, цврсто зацртани граници, солидарност и признавање.
Со членството на НАТО имаме држава со сите нишани.
Во НАТО влеговме како Македонци кои зборуваат македонски јазик, така ќе станаме и членка на ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ сака изолација и нестабилност и секое ветување за европска интеграција им е лажно, и затоа 11 години имавме заробена држава.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати губат на избори, шест пати ги стигнува казната на граѓаните и уште долго остануваат во опозиција.