fbpx

Со Акција 21 европските стандарди ги носиме дома преку искористување на нови економски потенцијали

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Зад нас оставивме тешка година во којашто се соочивме со светска пандемија од коронавирусот и секојдневна борба против здравствените и економски последици кои ги предизвика.

Како држава навремено преземавме и се уште преземаме економски и здравствени мерки и затоа успешно се справивме со предизвиците.

Со 4 економски пакети вредни над 1.1 милијарда евра им помогнавме на граѓаните, на работниците, на македонските фирми, на нашето стопанството.

Преку вистински и навремени економски политики помогнавме над 400.000 граѓани, спасивме над 100.00 работни места.

Последниот податок од УЈП е охрабрувачки, во декември 2020 имало за 6% поголема наплата на ДДВ од декември 2019.

Ова покажува сериозно заживување на економијата, и тоа во време кога се случуваше вториот најголем пик од коронавирусот кој сега е веќе зад нас.

Во 2021 година како држава влегуваме со целосно стабилна финансиска состојба, ликвидна и солвентна.

Престојниот процес на имунизација и конечна победа над вирусот, во земјава но и во светот се охрабрувачки процеси за нов економски напредок, за нови можности.

Со стратешката Акција 21- европските стандарди ги носиме дома и преку нови мерки, економски политики за целосно искористување на сите економски потенцијали.

Земјоделството има голем потенцијал за државата и ако го ставиме во функција и земјоделското земјиште ќе се отворат нови можности за инвестирање, за нови работи места, домашна продукција, извозот. Со ова се очекува прилив од 200-300 милиони евра.

Во кординација со ЕУ се разгледуваат можностите за одредени погодности за ставање во функција на парите во кеш коишто сега се надвор од системот.

Со соодветни законски измени за да се спречат било какви манипулации, ресурсите од овој т.н. „мртов капитал„ се ставаат во функција на развојот на државата.

2021 година е година на можности, на нови економски потенцијали.

Еден од нив е и канабисот како една од најдинамичните индустрии во светот.

Според проценките, годишниот прилив на средства од оваа дејност е предвиден на околу 250 милиони евра.

Иполнувањето на “Акција 21” е наш мотив да работиме, да продолжиме европските стандарди да ги спроведеме во секој сегмент од секојдневното живеење.

Економијата, подобриот животен стандард се во нашиот фокус и во оваа 2021 година.

Последни вести