Соопштение за јавност
СДСМ e посветен на развој и унапредување на енергетскиот сектор и годинава преку стратешката рамка на Владата – „Акција 21“ продолжува со сериозни инвестиции во енергетиката.
Со мерки и политики кои од Енергетската заедница се препознаени како шампионски, ги носиме европските стандарди дома.
Термоелектраната Осломеј, со инвестиција од околу 60 милиони евра ќе се замени со фотонапонска електрана. На местото на стариот рудник во РЕК Осломеј се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 мегавати.
АД ТЕЦ Неготино распиша оглас за изработка на Физибилити студија и веќе во првата половина од годинава ќе се оцени дали ќе се гради нова гасна електрана на истата локација по моделот на јавно приватно партнерство или АД ТЕЦ Неготино ќе се продава. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра за нови стотина мегавати еколошки чиста енергија.
Во минатата, 2020 година успешно беа реализирани и првите постапки за доделување на премиум тарифи за изградба на фотонапонски електрани во вкупен инсталиран капацитет од 62,5 мегавати, од кои веќе неколку се пуштени во употреба.
Во првиот квартал од 2021 ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 мегавати фотонапонски електрани по истиот принцип, а инвестицијата е проценета на над 35 милиони евра.
Во текот на 2021 ќе започне изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, а ветерни паркови ќе се градат и во Свети Николе, Демир Капија и Дебрца.
Особено важна улога и големо значење во процесот на градење нова македонска енергетика има процесот на гасификација.
Оваа година официјално започнува изградбата на гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат дополнителни количини на природен гас. Инвестицијата само за интерконекторот со Грција е проценета на 50 милиони евра, од кои 10 милиони се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан.
Во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово и со овие два проекта, Северна Македонија ќе биде транзитна држава со природен гас.
Истовремено продолжува изградбата на магистралните гасоводи низ целата држава.
За СДСМ како одговорна партија, која работи во интерес на економијата и на граѓаните приоритет се инвестициите во енергетиката, бидејќи носат развој, помали трошоци за сите, но и поквалитетна животна средина.