fbpx

2021 ,е година на антикорупција, секој што ќе го прекрши законот мора да се соочи со одговорност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Борбата против криминалот и корупцијата е врвен приоритет за СДСМ, а со стратешката рамка „Акција 21“ на Владата, оваа борба станува посилна и поефикасна со зајакнување на сите капацитети кои се борат против високата корупција.

Ова е време на ред, правда и дисциплина. Секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да се соочи со одговорност, без разлика дали е функционер или не. Време е за поставување ред во институциите.

Во првите шест месеци од годинава, во соработка со УСАИД ќе се спроведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници, со цел подобро воочување на евентуални слабости во поединечните сектори со што корупцијата ќе се превенира навремено.

Започнува и реализација на проектот за Интероперабилност меѓу антикорупциските институции кои одговараат пред Владата, со што се овозможува безбедна и ефикасна размена на податоци по електронски пат за предмети поврзани со корупција.

На овој начин се очекуваат брзи и ефикасни резултати во решавањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција, веќе никој нема да смее да затајува, забавува и закочува случаи во кои постојат сомнежи за корупција.

Следува зајакнување на правниот систем преку доекипрање и дигитализација на истражните центри во Јавното обвинителство, како и електронски систем за инспекција.

Граѓаните треба да ја препознаваат корупцијата и не треба да се плашат, ниту да се двоумат да ја пријават. Се воведува повикувачки број преку кој сите лица и физички и правните ќе можат да пријават ненавремено постапување на надлежните институции по однос на нивните поднесени барања.

СДСМ како одговорна партија ги носи европските стандарди дома и се води по принципот нулта толеранција кон корупцијата.

Така се гради праведно и правично општество, така се гради држава што оди напред.

Последни вести