fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се потврден извор на лажни вести и затоа шест пати се поразувани на избори, за македонскиот идентитет и јазик не се преговара

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски преку лаги и дезинформации продолжува да работи против националните и државни интереси

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, јавно и без срам лажеа дека државата се распарчувала дека се погазувала македонската држава и македонската историја, деновиве во континуитет шират лаги во дневнопартиски цели, а на штета на интересите на граѓаните и државата. денеска повторно бесрамно лажат.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ партијата потврден извор на лажни вести, партија која знае само за лаги, деструкции, блокади и антидржавно дејствување.

Колку и да е несфатливо за Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја не се преговара, ниту воопштено некогаш ќе се преговара.

Тоа им е јасно на сите, освен на малкумина во белиот дворец и затоа нема да дозволиме лагите на Мицкоски да станат вистина.

Со ваквото антидржавно и антинародно однесување, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не треба да се чудат зошто шест пати губат на избори, зошто се уште се во опозиција, уште долго ќе останат таму, затоа што граѓаните го препознаваат и го поразуваат нивниот лажен патриотизам, ги казнуваат сите нивни деструкции.

Последни вести