Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми
Во ВМРО ДПМНЕ ништо ново. Ништо не се менува. Нова година, едни исти невистини, исти дезинформации, исти манипулации.
Како на Христијан Мицкоски да не му беше доволно, што во клучни моменти за државата излезе пред јавноста и без срам лажеше дека државата се распарчувала, дека се погазувала македонската држава, лажеше дека се погазувала македонската историја.
Како тоа да не беше доволно па сега лажат дека се загрозувал македонскиот јазик, ја плашат јавноста со наводни анекси и бараат нов Договор што е спротивно на државните позиции.
На почетокот на годината од Белата палата слушаме една иста расипана плоча, едни исти лаги кажани 100 пати.
Колку пати и да излажат, нивната лага нема да стане вистина.
Почитувани,
Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партијата потврден извор на лажни вести, партија која знае само за лаги, деструкции, блокади и антидржавно дејствување.
Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ точно знаат дека за македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја не се преговара, ниту воопшто некогаш ќе се преговара, но тие свесно одлучуваат да ги лажат граѓаните.
Тоа им е јасно на сите, јасно му е и на Мицкоски, но тој мисли само на својата лидерска позиција и затоа свесно бира да лаже.
Почитувани граѓани,
Лагите на Мицкоски и на малкутемина околу него, не поминуваат.
Нивните лаги се разобличени и се шест пати казнети од граѓаните.
За секоја една лага, Мицкоски се соочи со порази од граѓаните.
Колку пати ќе излажат, толку пати ќе изгубат секојпат кога ќе ја побараат довербата од народот.
Со вакво антидржавно и антинародно однесување, со лаги и деструкции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат опозиција.
Благодарам