Реакција на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ
Типично за ВМРО ДПМНЕ е да изнесуваат лажни вести, како што е типично да бидат демантирани од страна на амбасади на странски земји и да бидат препознавани како извор на лажни вести во меѓународни студии.
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на 22 декември 2020 година, на покана на премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов и на министерот за здравство проф. Костадин Ангелов учествуваше на седница на влада на Република Бугарија.
Стоилковски наместо да емитува видео секвенци и бесрамно да лаже, треба да ги објави и фотографиите од седницата на владата во Софија и целата прес-конференција на Филипче и Ангелов што беше одржана по завршувањето на владината седница. Фрустрациите на ДПМНЕ се толку големи што го ставаат на коцка здравјето на граѓаните во оваа коронакриза.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека заложбите на министерот Филипче и Владата за процесот на имунизација од ковид, се препознаени од многу земји како и од Светската здравствена организација.
ВМРО-ДПМНЕ не одржале ниту една прес конференција да кажат колку е важен процесот на вакцинација, колку вакцините се безбедни и дека само преку вакцинација може да се стекне колективен имунитет и да се врати живото во нормала. Но така функционира ДПМНЕ, некрофилксата политика на Мицкоски и натаму е пуштена на најјако.
Владата предводена од СДСМ министерот Венко Филипче, преку три механизми, ќе обезбедат вакцини против корона вирусот за вакцинирање на 60 проценти од населението. ВМРО-ДПМНЕ, како и досега ќе обезбеди само шарени лаги на граѓаните.