fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се симбол на неправда и криминал и не можат да се борат за правда

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Снежана Калеска Ванчева, координаторка на Форум на жени и пратеничка на СДСМ

 

Почитувани,

Извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски синоќа уште еднаш призна – негова најголема негова болка е Законот за Јавно обвинителство.

Овој Закон обезбедува продолжување на сите предмети, обезбедува одговорност за сите кои се огрешиле пред законот и истиот е темел за градење силно и независно и професионално обвинителство.

Токму тоа е она против кое Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се борат.

Откако не му успеаја блокадите, деструкциите и заканите во Собранието, Мицкоски синоќа маршираше за неправда, против одговорност и против независно судство и исто како во времето на режимот со закануваше кон судии, обвинители, новинари и медиуми.

Зад него беа старите, верни послушници и кочничари на европската иднина на државата, кочничари и уништувачи на правдата!

ВМРО ДПМНЕ со одбрана на мафијата не може да донесе правда, со заштита на Груевски не може да донесе правна држава, а со обидите да се уништат предметите на СЈО не може да донесе владеење на правото.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е водено од обвинетите Антонио Милошоски, Илија Димовски, Игор Јанушев, Цветан Трипуновски и нивните шефови Груевски и Мицкоски.

Тие се симбол на неправда и криминал и не можат да се борат за правда.

Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција.

Не, тие треба да одговараат и ќе одговараат пред правдата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да протестираат против правдата, но криминалот на нивниот шеф од Будимпешта и криминалот на нивните сопартијци нема да го одбранат.

Ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки.

Борбата против криминалот и корупцијата е неселективна и бескомпромисна, ќе одговара секој за кој ќе се докаже дека сторил какво било кривично дело.

Последни вести