fbpx

Заврши времето кога во образованието се напредуваше преку партиска книшка, тоа беше одлика на режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Тешки лаги се информациите дека преку Општинската организација на СДСМ Карпош се „наредува“ кој да биде професор – ментор. Завршено е времето кога во образованието се унапредуваше единствено ако имаш партиска книшка.

Посочените списоци од ВМРО–ДПМНЕ се лоша конструкција и манипулација, која треба да послужи за собирање на дневно политички поени и нивна политичка активност во Карпош.

Постапката за аплицирање за професор – ментор е јавна, електронска и во ниту еден случај не може да се злоупотреби. Секој заинтересиран наставник поднесува документација во електронски формат; комисиски се разгледуваат приложените документи, се прави рангирање, а потоа одлучува и Бирото за развој на образованието.

Секој сертификат, обука на наставникот носат бодови и не се возможни никакви злоупотреби и влијанија. Бодирањето на документацијата се спроведува преку посебен Правилник, кој е јавен документ уште од 17 – ти јули 2020 година.

Очигледно дека за ВМРО–ДПМНЕ не е разбирливо дека системот може да функционира поинаку. Наставниците можат да напредуваат врз основа на својата работа, минат труд и ангажман.

Секој просветен работник кој исполнува услови може да биде унапреден во професор – ментор.

На граѓаните им е доста од поделбите на „наши и ваши“. Просветните работници се богатството на државата и тие ги едуцираат новите генерации. Младите кои треба да останат тука, во нашата земја, со квалитетно образование за сите, а не партиски поделби и дневнополитички лаги.

Последни вести