fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се однесува несериозно кон важни прашања, пописот ќе се спроведе согласно сите меѓународни стандарди

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Ѓоргија Сајковски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се однесува несериозно кон важни прашања како што е најобемната статистичка операција – пописот.

Законот за попис, кој денеска ВМРО-ДПМНЕ го оспорува, се подготвува од март 2018 година, а пред да влезе во собраниска процедура во него беа вградени забелешки на опозицијата а активно вклучени и консултирани беа и експерти.

19 години државата е без попис, бидејќи токму поради политичките калкулации на ВМРО-ДПМНЕ пописот во 2011 пропадна. Денес, ВМРО-ДПМНЕ прави се државата да изгуби уште една година без да добие целосни, точни и релевантни податоци, важни за креирање на долгорочни политики.

Пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди, согласни сите пракси на Евростат и Обединетите Нации, по цели 19 години Државниот завод за статистика ќе спроведе попис кој ќе донесе точни и целосни податоци за населението и домаќинствата.

Нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го закочи овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата

Последни вести