fbpx

Милошоски да поднесе оставка, после сите скандали не е достоен да ги претставува граѓаните во Парламентот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој бил осуден за кривични дела кражби, злоупoтреби и придобивки со измами од страна на судството во Германија треба да понесе одговорност за скандалот, потврден со официјални и јавно објавени документи, да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка.

Пратеник, осуден за кражба, фалсификување исправи не е достоен да ги претставува граѓаните во Парламентот.

Со кое лице дезинформатoрот Милошоски излегува пред граѓаните и се обидува да им продаде морал.

Граѓаните знаат дека против Милошоски се води предмет и постапка и пред македонските судови, граѓаните се свесни дека тој ја спроведува политиката на Мицкоски составена од лаги, блокади, критики, политика која ја влече државата назад во режим, криминал и корупција.

После се, најмалку што може да направи Милошоски е да се извини пред граѓаните и да даде оставка, целата јавност го очекува тоа од него.

Последни вести