fbpx

На Милошоски местото не му е ниту во Собрание ниту во политика, неговата политичка кариера е завршена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски е срам за Собранието, срам за македонската демократија и дејствува штетно по угледот на државата.

Последните докази за скандалот „Кражба“ потврдија дека тој извршил криминални дејствија кражба и фалсификување кога студирал и живеел во Германија.

Истовремено, пред македонските судови против Милошоски се водат процеси за основано сомневање за криминал со имот, користење на лустрацијата за уништување луѓе заради лична одмазда.

На Милошоски местото не му е ниту во Собранието, ниту во политиката, ниту во белиот дворец зад мене, туку пред надлежните судови каде треба да ја дочека разрешницата на предметите што се водат против него.

Неговата кариера во политиката е завршена.

Со сите дела зад себе, со сите отворени предмети, со сите искажани лажни вести, Милошоски не е достоен да ја извршува функцијата народен пратеник.

Милошоски, блискиот соработник на Христијан Мицкоски, а претходно и на Никола Груевски, денес е најмалку повикан да зборува за било што во државава освен за неговите кривични дела и судски процеси што против него се водат пред домашните судови.

Милошоски делува штетно по демократијата, по угледот на Собранието и државата и треба да се тргне од каков било допир со државните ресурси.

Последни вести