Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Деструктивната ВМРО-ДПМНЕ продолжува со обидите да кочи се што е во интерес на граѓаните, во интерес на државата.
Замислете, со 2.000 амандмани ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски се обидува да го блокира Законот за нов Клинички центар.
Ова е тенденциозно, безобразно и злонамерно однесување на ВМРО-ДПМНЕ срамно кон сопствената држава, кон сопствените граѓани и кон јавното здравство.
За потсетување, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ исто вака се обидуваа да ги закочат и измените на Законот за здравствена заштита. Се што опозициската партија прави овде во Собранието и надвор од него е против здравствениот систем и јавното здравје.
Новиот Клинички центар им беше често политичко ветување пред избори, ВМРО-ДПМНЕ 11 години лажеа дека ќе изградат нов Клинички центар, а од нивните лаги останаа само лимени тараби на една парцела во комплексот клиники.
Денес, како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ се противи на изградба на нов модерен клинички центар што Скопје и државата ќе го добијат за првпат по цели 80 години, и кој ќе обезбеди квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита како виисоки стандардни услови за работа на медицинскиот персонал.
Како одговорни пратеници, поднесовме Амандман со кој се наложува задолжителна ревизија на целиот процес од страна на реномираната ревизорска компанија. Тоа гарантира транспарентна и отчетна процедура од финансиска гледна точка.
Ги повикуваме пратениците од опозицијата во интерес на здравјето на граѓаните и напредокот на државата да ги повлечат 2000 амандани и да го одблокираат процесот.
Почитувани,
Во целиот демократски свет се очекува од опозицијата да биде конструктивна. Срамно е што ВМРО-ДПМНЕ со 2000 амандмани за законот за нов клинички центар што беше нивно неостварено изборно ветување 11 години по ред, а сега сакаат да ја блокираат постапката за изградба на нов Клинички центар. Со ова ги навредуваат и нивните гласачи пред кои се обврзале дека ќе работат во нивни интерес.
Ние како парламентарно мнозинство нема да дозволиме овие блокади да ја спречат изградбата на нов Клинички центар.
Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат поразени, државата ќе добие нов Клинички центар.